2 мај, 2024
ПочетнаСВЕТОпасен тренд се шири меѓу децата – снимаат напади врз други деца(ВИДЕО)

Опасен тренд се шири меѓу децата – снимаат напади врз други деца(ВИДЕО)

Нов, опасен тренд се шири меѓу децата – се снимаат како се напаѓаат на училиште.

13-годишно девојче било нападнато од страна на нејзини врсници, додека се враќала од училиште. Тие ја влечеле по земја и ја удирале по глава, додека други гледале. Нападот е снимен и подоцна објавен на социјалните мрежи.

„Скај њуз“ пишува дека околу жртвата се собрале уште дваесетина деца и ја исмејувале.

Експертите предупредуваат дека ова е растечки тренд во британските училишта и дека ваквите инциденти се загрижувачки.

Можно е мотивите зад нападите да се самите видеа – момент на озлогласеност на социјалните мрежи, создавање содржина за споделување и смеење во приватните групи на „Снепчет“ (Snapchat). Неколку деца го снимиле нападот, а се чини дека многумина знаеле за заседата. Најмалку едно дете кое се снимало се приклучило на нападот во одреден момент, удирајќи ја жртвата додека била на земја.

Дури и жртвата подоцна дознала преку социјалните мрежи дека нападот бил планиран. Ова храбро 13-годишно девојче реши да проговори за своето искуство.

„Имав модро око, главата ме болеше секогаш кога зборував. Целото училиште знае за ова. Дури и мило ми е што немам мобилен телефон, бидејќи мислам дека само би ме бомбардирале со пораки за тоа“, рече девојчето.

Нема мобилен бидејќи напаѓачите го згазиле. Били (44), полубрат и законски старател на жртвата, вели дека ова станува опасно лудо.

„Некое дете ќе го загуби животот поради ова лудило. Ова се случува низ целата земја“, додаде тој.

Ваквото насилно однесување на децата подоцна се шири и кај нас во регионот, откако младите ќе го видат на социјалните мрежи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП