25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНестабилноста на цените на нафтата на светските берзи, намалената вкупна продажба на...

Нестабилноста на цените на нафтата на светските берзи, намалената вкупна продажба на енергенси и покачувањето на платите на вработените ја намали добивката на Макпетрол АД Скопје

Во периодот од 01.01 до 31.03.2023 година Макпетрол АД Скопје од своето работење оствари добивка пред оданочување во износ од 126,58 милиони денари, наспроти остварената во истиот период минатата година која изнесуваше 214,95 милиони денари.

Намалувањето на добивката по оданочување од 88,37 милиони денари или 41,11% е резултат на нестабилноста на цените на нафтата на светските берзи, како и на намалената вкупна продажба на енергенси од 4,88%. Дополнително врз падот на добивката значајно влијае и покачувањето на платите на вработените со цел надминување на економската криза и подобрување на животниот стандард на вработените, се вели во образложението на компанијата.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП