Минатата година за Макпетрол беше многу силна и компанијата прикажа силни финансиски резултати. Голем дел од добивката компанијата планира да подели на акционерите, но и на вработените и менџментот.
Според предлог-одлуката, компанијата Макпетрол АД Скопје планира да издвои 333.775.200 денари за иплата на дивиденда за 2022 година. Или секој акцинер ќе добие по 3300 денари бруто по акција.
Според предлог-одлуката добивка за 2022 година во износ од 1.290.959.428 денари ќе се распредели на следниот начин:
- Дел за задолжителна општа резерва 64.547.971 ден.
- Дел за исплата на дивиденда 333.775.200 ден.
- Дел за посебни резерви за стекнување
сопствени акции со откуп 300.000.000 ден. - Дел за исплата на членовите на Управниот одбор 30.620.000 ден.
- Дел за исплата на раководните лица 8.450.000 ден.
- Дел за исплата на вработените 110.000.000 ден.
- Дел за инвестиции 300.000.000 ден.
- Дел за пренос на добивката во наредната година 143.566.257 ден.