7 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАСе зголемува бројот на децата во државните градинки, но и бројот на...

Се зголемува бројот на децата во државните градинки, но и бројот на приватните градинки

Во текот на ланската година зголемен е бројот на деца до шест години кои се запишани во установи за згрижување како градинки и слични центри за пред училишна возраст. Во исто време има зголемување и на објектите, но сепак недоволен е бројот на државни градинки во однос на бројот на деца кои имаат потреба од згрижување. Податоците на Државниот завод за статистика покажува дека во земјава повеќе се отвораат приватни градинки во однос на државните, а со тоа и поголем е бројот на негувателски кадар и останат персонал во градинките кои се во приватна сопственост. Извештајот прави споредба на состојбите во 2022 година со податоците од 2021 година.

Во текот на ланската година 34 356 деца биле згрижени во 73 државни градинки. Доколку се погледнат податоците од годината претходно ќе се забележи дека има зголемување на бројот на деца кои одат во градинка и тоа за 14,7 отсто. Во 2021 година во градинка биле згрижени 29 947 деца во 70 градинки. Од овие податоци може да се види дека бројот на деца кои се згрижени во градинките лани е зголемен за 4409 а бројот на градинки само за три.

Што се однесува до приватните градинки, во 2021 година имало 26 објекти на територија на Македонија, во кои биле згрижени 1092 деца. Лани бројот на деца е зголемен на 1266, но зголемување има и кај објектите во приватна сопственост и тој изнесува 32. Тоа значи дека во 2022 година во однос на 2021 година во земјава бројот на приватни градинки е зголемен за шест, а бројот на деца зголемен е за 174 деца или зголемување за 23,1 отсто.

Податоците на статистичарите покажуваат дека освен државни и приватни градинки во Македонија има и приватни градинки кои се дел од приватни училишта, Центри за ран детски развој исто така ги има во јавна и приватна сопственост, и детски државни градинки за потребите на вработени во државни институции. Кај сите овие институции нема промена во бројот на објекти за анализираниот период, но има благо зголемување на бројот на деца кои се згрижени.

Што се однесува до бројот на вработени во јавните градинки за една година бројот е зголемен за само 13 лица. Тоа претставува раст од само 0,2 отсто што е премалку во однос на бројот на ново згрижени деца во градинките кои се во државна сопственост. Во приватните градинки бројот на вработени е зголемен за 32 лица. Според податоците кои се достапни од извештајот во сите државни градинки работати 2024 лица кои се згрижувачки кадар, а во 2021 година тој број изнесувал за три лица помалку.

Статистичарите објавија и дека има зголемување и кај децата кои одат во градинка според јазикот кој го зборуваат. Имено децата кои зборуваат на македонски јазик во 2021 година биле 27 764 наспроти лани 31 420 деца. На албански јазик 2459 деца во 2021 година а пак во 2022 година бројот се зголемува на 3369 деца. Децата кои зборуваат на турски јазлик во градинките во 2021 година биле 126 на број а пак лани имало 165. Кај децата кои зборуваат на бошњачки јазик има намалување и тоа од девет на осум деца, на англиски јазик исто така намалување и тоа пред две години 184 а лани 162 деца.

Еден од најголемите проблеми на родителите со мали деца во последнава деценија е токму уписот на деца во државните градинки поради недоволниот број на објекти и зголемениот број на семејства со мали деца кои имаат потреба од згрижување.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП