17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМанчини нов тренер на Галатасарај

Манчини нов тренер на Галатасарај

RobertoManciniReutersAlessandroBianchi

Италијанскиот фудбалски стручњак Роберто Манчини е назначен за нов тренер на турскиот клуб Галатасарај.

Манчини со клубот од Истанбул потпиша тригодишен договор според кој ќе заработува приближно шест милиони евра за една година.

Италијнецот на клупата на Галатасарај доаѓа на местото на трускиот тренер Фатих Терим кој доби отказ поради слабите резултати на почетокот од новата сезона.

Предводени од Терим, фудбалерите на турскиот гигант во петте одиграни средби во домашното првенство остварија само една победа и четири нерешени, а во Лигата на шампионите убедливо загубија од Реал Мадрид на свој терен.

48-годишниот Манчини беше без ангажман од мај годинава кога го напушти кормилото на премиерлигашот Манчестер Сити. Бил тренер и на Интер, Лацио и Фиорентина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП