24 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРЕПЛЕК АД Скопје ќе исплати дивиденда 1.800 денари нето по акција

РЕПЛЕК АД Скопје ќе исплати дивиденда 1.800 денари нето по акција

Друштвото за медицинско снабдување увоз-извоз РЕПЛЕК АД Скопје на Годишно собрание кое се одржа на ден 26.04.2023 година (среда) донесе одлука за распределба на добивката по оданочување за 2022 година во износ од 59.666.184,00 денари.

Ќе исплати дивиденда во нето износ од 1.800 денари по акција, односно бруто износ од
2.000 денари по акција или вкупен бруто износ од 49.418.000 денари

Останатите 10.248.184 денари ќе одат во акумулирана добивка.

Дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциските сметки на акционерите.

Последен датум за тргување со право на дивиденда за 2022 година е 05.05.2023 година.

Прв датум за тргување без право на дивиденда за 2022 година е 08.05.2023 година.

Датум на стекнување на право на дивиденда за 2022 година е 09.05.2023 година.

Исплата на дивидендата за 2022 година ќе започне од 15.06.2023 година.

Одлуката влегува во сила со денот на донесувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП