Компанијата за картички Visa објави скок на нето добивката од 17 отсто во првите три месеци од оваа година, поддржана од силната потрошувачка на корисниците на картички. Резултатите се подобри од очекувањата на аналитичарите.
Нејзината нето добивка на тој начин достигна 4,3 милијарди долари во фискалниот втор квартал, што е зголемување од 17 отсто во споредба со истиот период лани.

