6 мај, 2024
ПочетнаСВЕТЗА ШТО РАЗГОВАРАА КСИ И ЗЕЛЕНСКИ? Кинеската телевизија ги објави деталите

ЗА ШТО РАЗГОВАРАА КСИ И ЗЕЛЕНСКИ? Кинеската телевизија ги објави деталите

Кинескиот претседател Кси Џинпинг телефонски разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави кинеската телевизија.

Тие разговараа за билатерални прашања и за кризата во Украина.

Според Ксинхуа, Кси рекол дека кога станува збор за украинската криза, Кина секогаш била на страната на мирот.

Тој најави и дека ќе испрати пратеник во Украина и други земји на консултации со цел политичко решение на кризата.

Зеленски разговорот го оцени како смислен и најави дека ќе именува амбасадор во Кина. Последен пат тие имале телефонски разговор на почетокот на јануари 2022 година.

Да потсетиме, кинеското Министерство за надворешни работи на крајот на февруари објави документ од 12 точки во кој детално е опишан ставот за решавање на конфликтот во Украина, а најважна точка е итен прекин на непријателствата и транзиција кон мировни преговори.

Во документот под наслов „Кинеската позиција за политичко решавање на украинската криза“, објавен на веб-страницата на Министерството, кинеското одделение за надворешна политика наведува дека Кина ќе продолжи да игра конструктивна улога во продолжувањето на мировните преговори.

Исто така, кинескиот претседател во март ја посети Москва.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП