29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПослабата побарувачка доведе до разочарувачки извештај за „Nokia“

Послабата побарувачка доведе до разочарувачки извештај за „Nokia“

Европскиот гигант за телекомуникациска опрема „Nokia“ објави послаби од очекуваните финансиски резултати во услови на забавување на побарувачката за нејзините производи 5G на позрелите пазари.

Прилагодената оперативна добивка достигна 479 милиони евра во првиот квартал, откри компанијата со седиште во Еспо, Финска. За споредба, просечната прогноза на аналитичарите е за 544 милиони евра, покажува истражувањето на „Bloomberg“. Прилагодената заработка по акција за кварталот изнесуваше 6 центи или под просечната проценка од 7 центи.

„Компанијата почнува да гледа некои знаци дека економското опкружување влијае на потрошувачката“, објави извршниот директор Пека Лундмарк.

„Со оглед на континуираната потреба за инвестирање во 5G и оптички мрежи, ова го гледаме првенствено како прашање на време. Сепак, ние ќе ја задржиме нашата дисциплина за трошење за да се осигураме дека можеме успешно да управуваме со оваа неизвесност“, додава Луднмарк.

Растечките економски предизвици забележани во четвртиот квартал продолжуваат да вршат притисок врз добавувачите на опрема за 5G. Продажбата се движи кон пазарите со пониска маржа како Индија, а трошоците на американските превозници паѓаат. Зајакнатиот бизнис во Индија во текот на кварталот успеа да го надмине забавувањето на трошоците во Северна Америка, објави „Nokia“.

Претходно, конкурентот „Еricsson“ објави подобри резултати од очекуваните, но предупреди дека годината ќе биде нестабилна и дека маргините ќе бидат под притисок. „Nokia“ соопшти дека очекува профитабилноста да биде подобра во втората половина од годината отколку во првата половина.

Финската компанија ја задржа својата прогноза за оперативна маржа помеѓу 11,5% и 14% за оваа година, во споредба со 12,5% во 2022-ра година. Просечната прогноза на аналитичарите анкетирани од „Bloomberg“ беше за нето приходи од продажба од 25,6 милијарди евра.

Дополнително, „Nokia“ објави дека одлучила да отстапи дел од радиофреквентните системи и бизнисите „VitalQIP“, како дел од планот за активно управување со своето портфолио и „обезбедување на водечка позиција во сите сегменти во кои избираме да се натпреваруваме“.

Цената на акцијата на „Nokia“ е намалена за 12% во однос на пред една година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП