2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„TikTok“, потргни се, ти пристигнува замена?

„TikTok“, потргни се, ти пристигнува замена?

Кинескиот технолошки гигант „ByteDance“ турка уште една апликација за социјални медиуми во Соединетите држави, бидејќи нејзината водечка апликација „TikTok“ се соочува со можна забрана во земјата.

Иако може да биде дел од деловната стратегија за „ByteDance“, новиот производ кој ќе го замени „TikTok“ исто така не е најдоброто решение, според експертите.

„Секако дека е интересен тајминг. Се чини дека „ByteDance“ го турка „Lemon8“ како потенцијална алтернатива на „TikTok““, изјави за „CNBC“ Линдзи Горман, виш соработник за технологија во развој во „German Marshall Fund“.

Во март, „ByteDance“ ги покани креаторите на својата нова платформа „Lemon8“ пред да биде официјално лансирана во САД, наведувајќи го успехот на нејзината „сестринска“ компанија „TikTok“, според светските медиуми.

Апликацијата „Lemon8“, спој на „Instagram“ и „Pinterest“, првпат беше „лансирана“ во Јапонија на почетокот на 2020-та година. Апликацијата „lifestyle“ која се фокусира на здравјето и убавината брзо се искачи на топ-листата во САД.

Според анализата на „data.ai“, „Lemon8“ скокна за 693 места и стана втора најсподелувана апликација во САД во последните 30 дена.

„Lemon8“ има собрано 17 милиони преземања ширум светот од неговото лансирање, тврди порталот „Apptopia“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП