19 мај, 2024
ПочетнаСВЕТЖени вработени во компанија во Русија натерани да се соблечат по долна...

Жени вработени во компанија во Русија натерани да се соблечат по долна облека за да докажат дека не украле ништо(ВИДЕО)

Специјализираната веб-страница „Работнички права“, која се занимава со правата на работниците во светот, објави видео со вознемирувачка содржина, на која, како што тврдат, се гледаат работнички во магацинот на компанијата „Вајлдберис“ во Русија како се соблекуваат по долна облека за да може надлежните да проверат дали ништо не украле.

„Ова е кршење на основните човекови права и мора веднаш да престане“, објави порталот во описот на видеото.

Во коментарите на социјалните мрежи се наведува дека станува збор за руската верзија на „Амазон“, компанија што продава разни стоки преку интернет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП