10 ноември, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„IKEA“ отвора нови продавници во САД вредни 2 милијарди евра

„IKEA“ отвора нови продавници во САД вредни 2 милијарди евра

Сопственикот на продавниците на „IKEA“ – „Ingka Group“, ќе издвои 2 милијарди евра за проширување на своите операции во САД во следните три години. Тоа е најголемата инвестиција на компанијата во една земја и има за цел да ги придобие американските потрошувачи додека другите големи трговци ги затвораат своите продавници.

Шведската „IKEA“, која ја отвори својата прва продавница во САД во 1985 година, во близина на Филаделфија, се обидува да добие пазарен удел во САД, бидејќи потрошувачите со ограничени пари бараат подостапни производи.

„Гледаме можности во сите држави во САД, но би рекол најмногу на југ, каде што гледаме многу побарувачка што не можеме да ја исполниме во моментов“, вели Толга Онку, шеф на „IKEA“ во „Ingka Group“.

„Ingka Group“ планира да отвори осум нови големи продавници на „IKEA“ и девет помали, како и да ги реновира постоечките продавници во САД, кој е вториот по големина пазар на „IKEA“ по Германија, соопшти компанијата.

Онку рече дека конкретните локации за продавниците сè уште не се утврдени. Новите продавници, вклучително и 9 „точки за планирање и нарачка“, помали продавници за совети и нарачка мебел за испорака, ги надополнуваат веќе планираните отворања на „IKEA“ во центарот на Сан Франциско и во Арлингтон, Вирџинија.

Бидејќи потрошувачите трошат помалку, големиот трговец на мало „Walmart“ и онлајн продавачот на мебел „Wayfair“ ги намалуваат работните места и ги затвораат продавниците, создавајќи можност за „IKEA“ да се одлучи за поевтини продавници и магацински простор. Проширувањето на „IKEA“ ќе отвори 2.000 работни места, велат од групацијата.

„Има достапни локации кои претходно не беа достапни, има можности за претерано забрзување на инвестициите во откупот на земјиште и постоечки локации за да се доближи „IKEA“ до луѓето“, коментира Онку.

Планираните продавници ќе го зголемат бројот на локации на „IKEA“ во САД за околу една третина, од 51 и две „точки за планирање и нарачка“. „Ingka Group“ објави приходи од 5,5 милијарди евра во САД во финансиската 2022-ра година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП