
Менаџерот на англискиот првак Манчестер Јунајтед не верува дека неговиот тим има сили оваа сезона да ја освои Лигата на шампионите.


Менаџерот на англискиот првак Манчестер Јунајтед не верува дека неговиот тим има сили оваа сезона да ја освои Лигата на шампионите.
– За триумф во елитното натпреварување треба да имате 5-6 светски играчи. Таков е случајот со Баерн Минхен, Барселона, Реал Мадрид, но не и со Манчестер. Тоа што ние имаме е неколку играчи кои се блиску до најдобрите или се наоѓаат во таа категорија и повеќе играчи со акумулирано искуство, изјави Мојс.
Манчетсер Јунајтед лошо ја започна сезоната во Премиер лигата со три порази во шесте одиграни средби и во моментов се наоѓа на 12.место со осум бодови заостанување зад лидерот Арсенал.
Во Лигата на шампионите тимот предводен од Мојс стартуваше со победа, а в среда во 2.коло игра против Шахтјор Доњецк во Украина.