Крка е единствената словенечка компанија која од година во година им плаќа се поголема дивиденда на своите акционери.
Годинава ќе изнесува 6,60 евра бруто, што очигледно привлече нови клиенти. Акциите на Крка пред неколку дена се тргуваа по 117,50 евра, што значи раст од девет отсто во април и раст од 28 отсто годинава. Курсот во петокот падна на 112,50 евра, што заедно со очекуваната дивиденда (6,60 бруто) сепак значи дека дивидендниот принос е речиси шест отсто.

