23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗошто се вели „должи ко Грчка“: Најголемите должници во Европската Унија

Зошто се вели „должи ко Грчка“: Најголемите должници во Европската Унија

На крајот на 2022 година, бруто јавниот долг на членките на еврозоната изнесуваше 91,6 отсто од БДП. Ова е намалување во однос на 95,5 отсто од јавниот долг кон БДП на крајот на 2021 година.

Според податоците на Статистичката агенција на ЕУ, Еуостат, јавниот долг во целата ЕУ е нешто помал и изнесува 84 отсто од БДП, што е намалување за четири процентни поени во однос на крајот на 2021 година.

Како што се наведува во соопштението на Евростат, намалувањето на коефициентот на јавниот долг е последица на повисокиот номинален раст на бруто домашниот производ од долгот на земјите.

На крајот на минатата година, од вкупниот јавен долг на еврозоната, 82,5 отсто биле хартии од вредност, додека обврзниците сочинувале 81,9 отсто од долгот на Европската унија.

Заемите сочинуваат 14,5 отсто од долгот на еврозоната, а 15,1 отсто од долгот на ЕУ.

Во апсолутна смисла, јавниот долг на Европската унија на крајот на 2022 година изнесува 13.272,7 милијарди евра.

Највисок јавен долг имаше Грција, дури 171,3 отсто од БДП, додека Италија ја заврши годината со јавен долг од 144,4 отсто од БДП.

Јавниот долг на Португалија изнесуваше 113,9 отсто од БДП, на Шпанија 113,2 отсто, а на Франција 111,6 отсто од БДП. Белгија, исто така, имаше јавен долг повисок од нејзиниот БДП од 105,1 отсто од БДП.

Од друга страна, најнизок јавен долг имала Естонија со само 18,4 отсто од БДП, Бугарија со 22,9 отсто и Луксембург со 24,6 отсто од БДП.

Нордиските и земјите од Централна и Источна Европа се меѓу најштедливите земји во ЕУ.
Данска, Шведска, Литванија, Летонија, Чешка, Ирска, Романија се под просекот во однос на јавниот долг.

Иако најзадолжена земја во ЕУ, Грција најмногу го намали односот на долгот кон БДП во однос на крајот на претходната година, за 23 процентни поени. Долгот кон БДП го намалија и Кипар, Португалија, Ирска, Хрватска, Данска, Италија, Литванија и Шпанија.

Учеството на јавниот долг во БДП го зголемија Чешка (за 2,1 процентен поен), Естонија, Финска и Луксембург.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП