2 мај, 2024
ПочетнаСВЕТКонтроверзниот „Бенадрил предизвик“ на ТикТок зема уште една жртва, почина 13 годишно...

Контроверзниот „Бенадрил предизвик“ на ТикТок зема уште една жртва, почина 13 годишно момче

Џејкоб Стивенс (13) од Колумбус, Охајо е последната жртва што почина од „Бенадрил“  предизвикот на ТикТок. Неговите пријатели го снимиле како зема алармантен број апчиња за алергија, дури 14 од нив, по што момчето имало напади, паднало во кома и завршило на кислородна поддршка, а шест дена подоцна починало.

ТикТок сега тврди дека ги блокирале сите пребарувања за „Benadryl Challenge“, пренесува Daily Mail.

„Изразуваме длабоко сочувство до семејството. Никогаш не сме виделе вакви трендови на содржини на нашата платформа. Покрај тоа, ТикТок има тим од 40.000 безбедносни експерти кои активно работат на отстранување на која било проблематична содржина, изјави во четвртокот портпаролот на популарната кинеска социјална платформа.

Контроверзниот „Бенадрил предизвик“ ги охрабрува учесниците да земаат десетина или повеќе антихистаминици – еквивалент на шест пати поголема од препорачаната доза  за да предизвикаат халуцинации. И откако смртоносниот предизвик стана вирален, реагираа многу експерти.

„Ако ме прашувате мене, тој предизвик е вистинска смртна замка. Најновата трагедија го докажува тоа. Ова е предупредување до сите родители, внимавајте на вашите деца. Земањето премногу дози Бенадрил или други антихистаминици може да предизвика срцеви проблеми, напади, па дури и смрт. Земете лекови само како што е пропишано. Родители, погрижете се да ги заклучувате лековите, особено лековите што се издаваат без рецепт, и бидете сигурни дека тие не се лесно достапни за децата“, повика д-р Џен Кодл од Филаделфија.

Шест дена по фаталниот предизвик, семејството морало да го исклучи несреќниот Џејкоб од апаратот за одржување во живот бидејќи мозокот на момчето трајно ги изгубил сите витални функции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП