28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАВерувале или не, Nokia полни телефони со молња

Верувале или не, Nokia полни телефони со молња

nokia grom

Додека „Apple“ користи „Lightning“ кабли, „Nokia“ пак користи молња за да ги полни своите уреди во експериментите кои ги направија во соработка со Универзитетот во Саутемптон.

Научниците со вештачка молња во една од водечките високонапонски лаборатории на светот, успешно го наполни уредот „Lumia 925“.

„Бевме многу возбудени од предизвикот кој ни го даде „Nokia“,  одбјасни Нил Палмер од Универзитетот од Саутемптон и додаде дека со користење на трансформатор направиле трансфер на повеќе од 200.000 волти преку празнина меѓу контактите од 300мм. Добиениот „сигнал“ преминал преку другиот контролен трансформатор со што било овозможено полнење на уредот.

„Не воодушеви тоа што струјните кругови внатре во уредот некако го стабилизираа сигналот и со што батеријата се наполни за само неколку секунди“, додаде Палмер.

Овој тест едноставно нема практични вредности, но од „Nokia“ напоменуваат дека со ова сакаат да демонстрираат дека се уште се во потрага за начини со кои ќе ги поместат границите на технологијата. Со тоа сакаат да добијат нови идеи кои се поврзани со полнењето на уредите во иднина и слично.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП