6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАВака функционира сајбер криминалот на „Telegram“

Вака функционира сајбер криминалот на „Telegram“

Апликацијата „Telegram“ сѐ повеќе се користи од сајбер криминалците за автоматизирани напади и нудење различни услуги.

„Phishing“ (фишинг) е најчестиот облик на напад на „Telegram“, а овие измамници на платформата нудат совети, продаваат услуги и бесплатни инструкции за напади, алатки за фишинг и други водичи.

Експертите за безбедност на „Kaspersky“ истакнуваат дека измамниците отвораат сметки на „Telegram“ за да ги „рекламираат своите стоки и услуги“, и преку нив ја едуцираат јавноста за фишинг.

Многу од овие канали им помогнаа на корисниците да ги автоматизираат рутинските процеси како што се генерирање на целни страници или собирање кориснички податоци.

Комплетите за фишинг кои беа дел од овие кампањи беа релативно примитивни, главно вклучуваа скрипта што ги прима корисничките ингеренции и ги пренесува на бот. На жртвата која ќе кликне на врска во порака која ветува 1.000 лајкови на „TikTok“, ќе и биде прикажан формулар за најава што изгледа како вистинска работа.

И покрај сите различни техники што ги користат фишерите на „Telegram“, „Kaspersky“ рече дека постојат едноставни начини да ги забележите.

„Злонамерните страници генерирани од ботови за фишинг или се хостирани на истиот домен, или споделуваат делови од HTML кодот, или и двете“, истакнуваат од „Kaspersky“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП