29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд полноќ пониски цени на бензините

Од полноќ пониски цени на бензините

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука, со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,05 % во однос на одлуката од 18.4.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 4,118 %, кај дизелот 2,823 %, кај екстра-лесното масло 2,702 % и кај мазутот има зголемување од 1,511 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,713 %.

Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се намалува 2,50 денара/л, а малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-98“ се намалува 2,00 денара/л.

Малопродажните цени на „евродизелот (Д-Е V)“, на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на „мазутот М-1 НС“ не се менуваат.

Од 21.4.2023 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

моторен бензин „евросупер БС-95“ – 82,50 (денара/литар)
моторен бензин „евросупер БС-98“ – 85,00 (денари/литар)
дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 74,00 (денари/литар)
масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 72,50 (денара/литар)
„мазут М-1 НС“ – 41,409 (денар/килограм)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП