23 мај, 2024
ПочетнаСВЕТМистериозен блесок се појави на небото над Киев, се огласи и НАСА

Мистериозен блесок се појави на небото над Киев, се огласи и НАСА

Мистериозниот блесок кој во средата навечер го осветли небото над главниот град на Украина, Киев, предизвика многу шпекулации.

Официјални лица во Киев велат дека се сомневаат дека сателит на НАСА паднал на Земјата, но американската вселенска агенција соопшти дека тој се уште е во орбитата.

Украинските воздухопловни сили претпоставуваат дека тоа би можело да биде метеорит. Како и да е, воздухопловните сили се уверени дека блицот не бил предизвикан од руски напад.

Блесокот е снимен на небото над главниот град во средата околу 22:00 часот по локално време. Беше објавено предупредување за воздушен напад, но „противвоздушната одбрана не беше активирана“, изјави шефот на воената управа на Киев, Серхи Попко.

„Според прелиминарните информации, овој феномен е резултат на падот на вселенскиот сателит на НАСА на Земјата“, додаде Попко.

Американската вселенска агенција претходно оваа недела објави дека потрошениот сателит тежок 300 килограми ќе влезе во атмосферата во среда.

Вселенското летало RHESSI, кое се користеше за набљудување на сончевите блесоци, беше лансирано во ниската орбита на Земјата во 2002 година и деактивирано во 2018 година, објави НАСА.

Роб Маргета од канцеларијата за комуникации на НАСА за Би-Би-Си изјави дека сателитот сè уште бил во орбитата кога бил забележан блицот и дека повторно ќе влезе во атмосферата на Земјата во текот на ноќта.

„НАСА и американското Министерство за одбрана продолжија да го следат RHESSI“, додаде тој.

Украинските социјални медиуми се преплавени со теории за тоа што би можел да биде блицот, а една тема е дека е предизвикан од вонземјани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП