28 април, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАКонкурсот за Треска на Белчева е целосно незаконски и неприменлив, исто како...

Конкурсот за Треска на Белчева е целосно незаконски и неприменлив, исто како мораториумот

Незаконски и неприменливи постапки се белег на мандатите на Јана Белчева во општина Центар. По мораториум на Белчева, кој што го укина Уставниот суд, сега сака на мала врата да протурка и незаконски и неприменливи конкурсни решенија за поранешната фабрика Треска. Остра реакција на Општина Центар за како што велат неоснованите тези и манипулации кои денеска беа изнесени од „Шанса за Центар“. Се што Белчева досега предложила е спротивно на законот и на штета на граѓаните, реагираат од Општината.

„Шанса за Центар“ повторно се зафатија со бранење на конкурсот кој го распиша Јана Белчева, која претседаваше со Советот на општината и која сама знае дека во реалноста не може да се реализира. Нема ниедна законска можност, ниту пак тој конкурс е спроведен согласно закон, за истиот на било кој начин да се користи. На истиот начин, спротивно на законот, беше спроведен мораториумот кој подоцна беше поништен а од кој штета трпеа само граѓаните. „Шанса за Центар“, чии членови во континуитет изминатите 5 и пол години се дел од Советот во општината, не направи ништо за урбанизмот, не донесе ниту еден значаен ДУП, ниту пак на било кој начин ја подобри состојбата на граѓаните“ се вели во соопштението од Општина Центар.

Откако мораториумот за градење во Центар беше укинат од Уставниот суд, Белчева повторно како да иницира кршење на закони. Од општината бараат одговори, дали таа или „Шанса за Центар“ ќе одговараат кривично ако свесно сакаат да ги прекршат законите и да ги оштетат граѓаните со спроведување на незаконски постапки.

„Ја прашуваме Белчева дали општината треба да го прекрши законот или некој кривично да одговара за институционално блокирање на граѓаните во реализација на нивните права? Дали таа и „Шанса за Центар“ ќе ги плаќаат пеналите за евентуалното непостапување? Дали предлага да се повтори нова бесправна постапка како со мораториумот кој го иницираше токму Белчева, свесна дека е незаконски и невозможен?“, се вели во соопштението од Општината.

Во реакцијата појаснуваат дека новото раководство на Општина Центар преку Град Скопје веќе има поведено постапка за донесување на регулациски план за ДУП Градска четврт З11, локалитети Буњаковец 1 и 2. Со носењето на овој план значително би се олеснила процедурата за одвојување и донесување на план само за просторот кај фабриката Треска, со што приоритет му се дава токму на овој дел од градот.

„Градоначалникот Герасимовски ги повика и сите останати надлежни институции, активно да се вклучат за негово поскоро донесување. Сѐ до носењето на ваквиот регулациски план, општината ниту може законски, ниту пак има надлежност да стопира правни постапки на сопствениците. За тоа кривично се одговара!“, пишува во реакцијата од Општина Центар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП