28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДржавни патишта нуди плати од 30.000 до 70.000 денари за коридорите 8...

Државни патишта нуди плати од 30.000 до 70.000 денари за коридорите 8 и 10д

Јавното претпријатие за државни патишта преку оглас ќе вработи 28 работници чии задолженија ќе бидат коридорите 8 и 10 д. Новите вработени во претпријатието ќе имаат основни плати од 29.866 денари до 70.052 денари, а ќе бидат вработени во јавното претпријатие до завршување на проектот, односно до 22.1.2028 година. Овие плати се за 40-часовна работна недела.

Највисока основна плата, 70.052 денара, се нуди за помошник на главниот координатор, а најниските плати од 29.866 денари се за двајца администратори и двајца возачи. На огласот се бараат и еден координатор на единицата за подготовка на проектот со плата од 60.005 денари; четворица специјалисти за експропријација со плата од 45.045 денари; еден преведувач за 45.045 денари; еден известувач за проектот, кој ќе добива 45.045 денари месечно; еден координатор на единицата за техничка изведба со плата од 65.029 денари; петмина специјалисти за инвестиции и градба на патишта, кои ќе добиваат по 55.037 денари плата; еден специјалист за урбанистичко-планска документација со основна плата од 55.037 денари; двајца специјалисти за подготовка, изработка и следење на проектна документација со плата од 55.037 денари; еден специјалист за геодетски работи, кој ќе добива 55.037 денари; двајца специјалисти за животна средина за 55.037 денари; тројца специјалисти за електроенергетски објекти, кои ќе добиваат по 55.037 денари; и еден специјалист за сообраќајна сигнализација за кој основната плата е 55.037 денари.

Заинтересираните за отворените работни места може да се пријавуваат до 25 април, до кога ќе биде отворен огласот иако компанијата „Бехтел и Енка“ најави поставување камен-темелник за 22 април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП