2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДали имате „Facebook“ профил од 2007-2022 година? Можеби ви должат пари!

Дали имате „Facebook“ профил од 2007-2022 година? Можеби ви должат пари!

Можеби ќе имате право на дел од порамнувањето од 725 милиони долари, или 660 милиони евра, кои „Meta“ се согласи да ги плати во колективната тужба, пренесуваат светските медиуми.

Според „Дејли мејл“, подобни корисници се оние кои имале профил на „Facebook“ од 24-ти мај 2007-ма до 22-ри декември 2022-ра година, а тие луѓе мора да се пријават на овој линк до 25-ти август 2023-та година.

Во тужбата, во која „Meta“ се изјасни за невин, се наведува дека „Facebook“ објавил кориснички податоци и информации за пријателите на корисниците без дозвола на трети лица.

Сето ова произлегува од скандалот „Cambridge Analytica“ од 2018-та година, кога беше откриено дека компанијата злоупотребила податоци од десетици милиони профили на „Facebook“ дозволувајќи пристап до трети страни.

„Cambridge Analytica“ претходно тврдеше дека собрала податоци само од околу 30 милиони профили на „Facebook“, но според новите информации, се чини дека собрала лични податоци на дури 87 милиони корисници на „Facebook“.

„Facebook“ наводно знаел за несоодветното собирање податоци на „Cambridge Analytica“ од 2015-та година и не презел ништо да ја запре активноста или да ги извести корисниците до март 2018-та година“, соопштија тамошните власти.

Судијата ја одобри спогодбата

Во тужбата се вели дека „Facebook“ не ги заштитил соодветно корисничките содржини и информации од злоупотреба или неовластен пристап.

Ова им овозможи на апликациите на „трети страни“ да „соберат и продаваат пристап до приватните информации на корисниците на „Facebook“, вклучително и до фирмата за политички консултантски услуги „Cambridge Analytica“, без знаење или согласност на корисниците“, се тврди во тужбата.

Федерален судија во Калифорнија во март одобри спогодба со „Meta“ од 725 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП