5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДиректорот на Гугл конечно проговори за вештачката интелигенција и направи споредба која...

Директорот на Гугл конечно проговори за вештачката интелигенција и направи споредба која ја замрзнува крвта

Директорот на „Гугл“ и „Алфабет“ Сундар Пичаи во интервју за CBS News изјави дека отсекогаш ја гледал вештачката интелигенција како најзначајното откритие на човештвото.

– Развојот на вештачката интелигенција ме загрижува и поради тоа не можам да спијам, изјави извршниот директор на Google, Сундар Пичаи.

Струја, оган и нуклеарно оружје

„Вештачката интелигенција е позначајна од огнот, електричната енергија или што било друго што сме го откриле во минатото“, објаснува тој за CBS.

Тој ја спореди вештачката интелигенција со нуклеарно оружје и рече дека за тоа треба да се воспостават меѓународни рамки и договори како оние за употреба на нуклеарно оружје.

„Вештачката интелигенција допира до суштината на интелигенцијата, до суштината на човештвото“, рече Пичаи.

Роботите на „Гугл“ научија сами да играат фудбал

Новинарот на CBS имал можност да ги види и проба некои од најнапредните производи на „Гугл“ со вештачка интелигенција, меѓу кои и „Дипмајнд“ во кој роботите играат фудбал чии правила ги научиле сами, без помош од луѓе.

Пичаи додаде дека загриженоста за развојот на вештачката интелигенција го држи буден ноќе и дека технологијата може да биде штетна доколку се примени на погрешен начин.

„Може да биде многу штетно ако се примени погрешно и сè уште ги немаме сите одговори, а технологијата се движи брзо. Па, дали тоа ме држи буден ноќе? Апсолутно“, истакна Сундар Пичаи.

Тој повика на воспоставување глобална рамка за регулирање на вештачката интелигенција, слична на меѓународните договори поврзани со употребата на нуклеарно оружје.

Директорот на „Гугл“ истакна дека владите ќе мора да ги дизајнираат овие рамки поради брзината на развојот на вештачката интелигенција.

Тој посочи дека вештачката интелигенција поради нејзиниот брз развој ќе влијае на сите производи на компанијата на чело со него.

Во февруари компанијата „Гугл“ го стави во пробна работа својот чет-бот „Бард“. CBS News потсетува дека оваа програма, за разлика од Google, не бара одговори на интернет, туку се потпира на податоците што ги собира и најмногу учи во лет.

Кон крајот на март, клучните личности во областа на развојот на вештачката интелигенција повикаа на мораториум за обука на моќни системи за вештачка интелигенција поради стравувањата од закана за човештвото. Меѓу нив беа милијардерот Илон Маск и ко-основачот на Apple, Стив Возниак.

Употребата на четботот „ChatGPT“ неодамна беше забранета во Италија, а сличен потег се најавува и во Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП