11 мај, 2025
ПочетнаСВЕТПУТИН ИМ ПОДАРИ ПОСЕБНА ИКОНА НА РУСКИТЕ ПАДОБРАНИ ВО ХЕРСОН: Му припаѓала...

ПУТИН ИМ ПОДАРИ ПОСЕБНА ИКОНА НА РУСКИТЕ ПАДОБРАНИ ВО ХЕРСОН: Му припаѓала на првиот човек на војската на Царска Русија! (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го посети командниот центар на оперативната група „Восток“ во областа Керсон. Посетата беше извршена во најголема тајност, а Путин со хеликоптер слета во голема воена база каде што се сретна со припадниците на Воздухопловните сили.

Путин се запозна со ситуацијата на фронтот, разговараше со командниот штаб, а детален извештај му доставија командантот на Воздушно-десантните сили, генерал-полковник Михаил Теплински и командантот на оперативната група Днепар, генерал-полковник Олег Макаревич.

Путин им го честиташе Велигден на војниците, а вниманието на јавноста го привлече видеото на кое Путин на високи руски офицери им подарува икона, за која рече дека му припаѓа на еден од најуспешните министри за одбрана на Руската империја.

https://twitter.com/zoranceran2/status/1648291040112115714

„Ова е едно од светилиштата на руските вооружени сили, икона чиј сопственик бил еден од најуспешните министри за одбрана на руската армија во 19 век. Ова е копија, има уште една копија и оригиналот“, рече Путин.

Патем, тоа е икона на Спасителот „Спас Нерукотворни“, која му припаѓала на министерот за војна на Руската империја Петар Семјонович Вановски.

Петар Семјонович Вановски го предводеше военото министерство под рускиот император Александар III Романов и во првите години од владеењето на Николај II Романов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП