26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Sony“ инвестираше во компанијата „Raspberry Pi“

„Sony“ инвестираше во компанијата „Raspberry Pi“

Компанијата која стои зад линијата на компјутери „Raspberry Pi“ привлече нова инвестиција од полупроводничката единица на „Sony“ во договорот чија цел е да ги унапреди нејзините напори во вештачката интелигенција, пишува „CNBC“.

„Sony Semiconductor Solutions“, подружница на „Sony Corporation“, инвестираше необјавена сума во „Raspberry Pi Ltd“, компанијата која стои зад „Raspberry Pi“, според официјалното соопштение.

Износот на финансирањето не беше обелоденет, но Ебон Аптон, ко-основач и извршен директор на „Raspberry Pi“, коментираше дека компанијата ги собрала средствата со иста проценка од 500 милиони долари како и во кругот во 2021-ва година, кога собрала 45 милиони долари.

Аптон го создаде „Raspberry Pi“ во 2012-та година со цел да ја направи технологијата подостапна за младите луѓе. Малите компјутери „Raspberry Pi“ со една табла се со големина на кредитна картичка и се користат за изградба на сè, од балони на голема надморска височина до мали радио-контролирани подморници.

Во раните денови на компанијата, клиентите на „Raspberry Pi“ беа претежно хобисти и наставници. Оттогаш, компанијата стана активен играч во корпоративниот свет – обично околу 70 отсто од нејзината продажба доаѓа од клиенти на претпријатијата кои ги вградуваат нејзините производи во фабрики или во уреди за широка потрошувачка, рече Аптон.

Договорот ги проширува постоечките производствени односи помеѓу „Sony“ и „Raspberry Pi“. Новото партнерство создадено со инвестицијата ќе им овозможи на корисниците и програмерите на „Raspberry Pi“ да пристапат до платформата „AITRIOS“ на „Sony“ за да им овозможи да развијат апликации за визуелно сензорирање користејќи камери со вештачка интелигенција опремени со графички сензори „IMX500“.

Аптон тврди дека ова ќе им помогне на децата да ги разберат компјутерите какви што се денес, а не како машините што беа пред неколку децении.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП