5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСловенечката НЛБ исплаќа дивиденда од 5,5 евра

Словенечката НЛБ исплаќа дивиденда од 5,5 евра

Најголемата словенечка банка го објави годишниот извештај од кој се гледа дека со минатогодишните исплати на акционерите ќе им исплати 500 милиони евра дивиденда до 2025 година.

Годинава се очекува исплата од 110 милиони евра, што значи бруто дивиденда од 5,5 евра по акција. Редовното годишно собрание на компанијата ќе се одржи на 19 јуни, но се уште не се знае дали НЛБ ќе ја исплати дивидендата во два дела и годинава како и лани. Банката на свикувањето ќе ги открие деталите за предлогот за исплата на добивката, пренесува Дело.

Да потсетиме, банката лани свика две собранија за исплата на дивиденда, првото во јуни и второто во декември и на секое од нив на акционерите им беше понудена дивиденда од 2,5 евра бруто по акција. Лани исплатила вкупно 100 милиони евра дивиденда.

Конечните податоци за минатогодишното работење не се разликуваат значително од претходно објавените. Според ревидираните деловни податоци, минатогодишната нето добивка достигна 446,9 милиони евра, при што 172,9 милиони евра од добивката дојде од консолидацијата на средствата преземени минатата година од Сбербанк (сега Н банка) во групата. Во претходната година, нето добивката на групацијата изнесуваше 236,4 милиони евра.

Групацијата на крајот на минатата година имаше 2,77 милиони активни клиенти, од кои 737.000 се во Словенија, каде што има убедливо најголемо кредитно портфолио, во вредност од седум милијарди евра.

Најголем број клиенти, дури 972.000, има во Србија, каде кредитното портфолио изнесува 2,6 милијарди евра. Целото кредитно портфолио на групацијата на крајот на минатата година изнесуваше 13,07 милијарди евра, а вкупниот биланс на состојба достигна рекордни 24,16 милијарди евра.

Минатата година НЛБ повторно почна да се занимава со лизинг. Наменската филијала во Словенија на крајот на годината имаше кредитно портфолио од 189 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП