18 мај, 2024
ПочетнаСВЕТРазлични оценки на земјите од регионот Адриа околу одговорноста за војната во...

Различни оценки на земјите од регионот Адриа околу одговорноста за војната во Украина

Во мартовската имплементација на истражувањето #Новатанормалност на истражувачката агенција Валикон, една година од почетокот на војната во Украина, провери на кого граѓаните од регионот Адриа најмногу ја припишуваат одговорноста за војната.

Во Словенија, мнозинството граѓани, односно 63%од испитаниците, одговорноста за војната и ја припишуваат на Русија, што е за 8% помалку од март минатата година. Од друга страна, овојпат речиси половина од испитаниците, односно 47%, одговорноста за војната во Украина им ја препишуваат на САД, што е за 10% повеќе од пред една година.

Граѓаните на Хрватска одговорноста за војната и ја припишуваат на Русија во поголема мера отколку граѓаните во Словенија, односно 74%, додека САД се сметаат за одговорни за војната со сличен процент како во Словенија, односно 44%. Во помала мера отколку во Словенија, одговорноста за војната меѓу граѓаните на Хрватска и се припишува на Украина и НАТО алијансата, а односот е слично изедначен како и во Словенија, односно 14% или 13%.

Во Босна и Херцеговина, слично како и во Словенија, уделот на граѓаните кои и ја припишуваат одговорноста за војната на Русија се намалил од 61% на 55%, додека 46% од испитаниците во Босна и Херцеговина, одговорноста за војната ја препишуваат на САД, слично како и исптитаниците во Словенија и Хрватска.

Сликата е сосема поинаква во соседна Србија, каде одговорноста за војната во голема мера им се припишува на САД, односно речиси две третини од испитаниците (64%), што е највисок процент во регионот. На второ место е НАТО со 44%, што е речиси 10% помалку од пред една година. 28% од испитаниците во Србија, одговорноста за војната и ја припишуваат на Русија. Според тоа, припишувањето на одговорност за војната во оваа земја е исто така поголемо за ЕУ ​​(24%) и Украина (21%).

****

За Валикон
Валикон е една од водечките компании за маркетинг консултантски и истражувачки услуги во Југоисточна Европа. Валикон е специјализиран за мали пазари, приспособени решенија, напредна методологија и длабински преглед во деловното работење на клиентите. Основно,дејноста на компанијата е маркетинг совет врз основа на маркетинг истражување. Знаењата и вештините на нашите вработени се однесуваат на бренд менаџмент, менаџмент консалтинг, иновации, медиуми, прогнозирање на трендови, онлајн стратегии и ископување податоци. Валикон на своите клиенти им нуди истражувачки услуги кои се однесуваат на целиот регион Адриа (поранешна Југославија) со што се издвојува како лидер за маркетиншки истражувања во регионот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП