2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонските градежни фирми не знаат колкав дел од колачот ќе добијат од...

Македонските градежни фирми не знаат колкав дел од колачот ќе добијат од проектите на Бехтел и Енка!

Македонските градежни компании се уште не знаат колкав дел од колачот ќе добијат од проектите кои ќе ги води американско – турскиот конзорциум Бехтел и Енка. Засега нема никава информација дека ќе добијат некаква работа од најавите за изградба на автопатите. Ниту градежниците немаат никаков увид во планот за работа на инфраструктурните проекти. Единствена надеж им останува најавата од страна на властите дека домашните градежни фирми ќе бидат вклучени во изградбата на коридорот 8 и коридорот 10 д како подизведувачи.

Од Здружението на градежни компании за Денар велат дека постои голема загриженост во целокупниот сектор бидејќи се работи за голем проект, со интензитет на градба која Македонија не ја памети или воопшто некогаш ја имала, и доколку не се најде соодветно место за македонските градежни компании и не бидат вклучени работниците и експертите од земјава, тогаш со сигурност може да се каже дека градежништвото во Македонија ќе доживее колапс.

„Ние треба да разговараме за потенцијалот на компаниите од земјава, а не за капацитетот на компаниите. Тие поими се мешаат и доаѓа до една неусогласеност во јавноста дека домашните компании немаат капацитет да реализираат вакви големи проекти. Но ние тоа прашање го вртиме од другата страна, дали имаат потенцијал, затоа што потенцијалот се гради со работа, потенцијалот или го имаш или го немаш. Ние имаме домашни компании со интернационално искуство и кои реализирале многу проекти како во соседството така и пошироко. Имаме ние фела која може да сработи голем дел од работите“, велат од Здужението на градежни компании при Стопанската комора.

Градежниците додаваат и дека доколку истите првила важат за нив како што важат и за Бехел и Енка и ги имаат сите олеснети процедури и потребни процеси во траењето на градежните работи, тогаш од фелата велат дека тоа ќе биде само еден стимул за зголемен број на работници и набавка на нова помодерна механизација. Само како пример, градежниците за Денар велат дека автопатиштата во минатото ги граделе домашни-македонски компании. Дополнително, многу автопати македонските градежни компании изградиле во Хрватска, потоа во Украина, и во останати земји, а тоа само потврдува дека македонската градежна фела има и капацитет и потенцијал да работи на големи инфраструктурни зафати, појаснуваат од Здружението.

Властите веќе соопштија дека договорот со Бехтел и Енка е таен и засега нема да биде објавен во јавноста. Исто така владините функционери тврдат дека колку побрзо ќе се граделе патиштата цената на чинење би можела да се намалува. Целиот проект или изградбата на четирите автопарски делници државата ќе ја чини над 1,5 милијарди евра со експропријација. Но се остава простор оваа сума да порасне. Додека овој проект го тресат серија скандали и сомнителни договори, а се уште е во почетна фаза, во собранието се носат измени на десетина законски решенија кои ќе придонесат работите да се одвиват во корист на изведувачот, но на штета на работниците, животната средина и на крајот на државата. Дека состојбата во градежниот сектор во земјава не е на завидно ниво покажува фактот што околу 13 илјади работници лани останале без работа и сега најголемиот дел од нив парчето леб го заработуваат на некое од европските градилишта.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП