28 април, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАЈСП со посебен возен ред за празниците

ЈСП со посебен возен ред за празниците

ЈСП информира дека во пресрет на претстојните велигденски празници возилата од јавниот превоз утре, петок (14.4.2023 година), ќе сообраќаат по неделен возен ред, со исклучок на автобусите на линиите 18А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

В сабота (15.4.2023 година), в недела (16.4.2023 година) и в понеделник (17.4.2023 година) автобусите на сите линии ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Билетарниците и центрите за персонализација ќе работат единствено в сабота (15.4.2023 година), а другите денови (петок, недела и понеделник) ќе бидат неработни за сите продажни места.

Жичницата претстојниве празнични денови (од утре до понеделник) ќе работи вообичаено, од 10 до 18 часот.

Нема да работи во вторник (18.4.2023 година).

Линиите 25 (Транспортен центар – Средно Водно), 25А (Автомакедонија – Средно Водно) и 25Б (Дом на печат – Средно Водно) ќе сообраќаат по неделен возен ред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП