1 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАЗошто првото јајце мора да биде црвено

Зошто првото јајце мора да биде црвено

Фарбањето јајца на Велигден е еден од најстарите и најинтересните христијански обичаи. За тоа сведочи приказната за Марија Магдалена, следбеничка на Исус Христос, која дошла во Рим да го проповеда христијанството.

Во таа прилика го посетила царот Тибериј и му подарила корпа со јајца. Царот не верувал во Христовото воскресение и рекол дека ако е вистина, тогаш белите јајца во корпата ќе ја сменат бојата. Во тој момент Марија рече „Христос воскресна“ и сите јајца во корпата станаа црвени.

Во Македонија за Велигден се бојадисуваат јајца од многу одамна, а без овој посебен обичај не можеме ни да замислиме еден од најрадосните христијански празници. Има точно време кога домаќинките треба да бојадисуваат јајца, а отстапувањата се мали.

Во Македонија обичај е првото јајце да се бојадисува црвено, што ја симболизира невино пролеаната крв на Исус. Ова јајце се нарекува „чуваркуќа“, се чува во текот на целата година и како што кажува самото име ја штити куќата и домаќинството. Според верувањата, на чуваркуќата му се припишува магична моќ, која наводно ги брка злите сили од куќата и домаќинството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП