3 мај, 2024
ПочетнаСВЕТГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ООН БИЛ ПОДГОТВЕН ДА ЈА ПРЕДАДЕ АМЕРИКА?! САД го...

ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ООН БИЛ ПОДГОТВЕН ДА ЈА ПРЕДАДЕ АМЕРИКА?! САД го прислушувале Гутереш – тајните документи откриваат НОВИ ШОКАНТНИ детали

Американската влада смета дека генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш е премногу подготвен да ги прифати руските интереси, покажуваат новите доверливи документи на Пентагон кои се појавија на социјалните мрежи, јавува Би-Би-Си.

Документите покажуваат дека Вашингтон внимателно го следел Гутереш. Неколку документи ја опишуваат приватната комуникација меѓу Гутереш и неговиот заменик, како и набљудувањата на Гутереш за војната во Украина и низа африкански лидери. Еден „протечен“ документ се фокусираше на Црноморскиот договор за жито, постигнат во јули од ОН и Турција, по стравувањата од глобална криза со храна. Тоа сугерираше дека Гутереш бил толку заинтересиран за зачувување на договорот што бил подготвен да ги прифати интересите на Русија, според Би-Би-Си.

-Гутереш ги истакна своите напори за подобрување на извозниот капацитет на Русија – се вели во документот, „дури и ако тоа вклучува санкционирани руски субјекти или поединци“.

Неговите дејствија во февруари, според проценката наведена во доверливиот документ, ги „поткопуваа пошироките напори Москва да се повика на одговорност за нејзините постапки во Украина“.

Истакнувајќи дека нема да ги коментира „протечените“ документи, еден висок функционер рече дека ОН се „водени од потребата да се ублажи влијанието на војната врз најсиромашните во светот“.

-Ова значи да направиме се што можеме за да ја намалиме цената на храната и да обезбедиме вештачко ѓубриво да им биде достапно на земјите на кои им е најпотребно – рече тој.

Русија често укажуваше дека е тешко да се извезува жито и вештачки ѓубрива поради меѓународните санкции во областа на плаќање, осигурување и превоз, па Москва предупреди најмалку двапати дека ќе ја прекине соработката во рамките на Црноморскиот договор за извозот на жито ако не се почитуваат неговите приговори, забележува Би-Би-Си.

Друг документ кој датира од средината на февруари опишува отворен разговор помеѓу Гутереш и неговата заменичка Амина Мохамед. Во него, Гутереш изразува „зачуденост“ од повикот на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен до Европа да произведе повеќе оружје и муниција поради војната во Украина.

Двајцата разговараат и за неодамнешниот самит на африканските лидери, а според извештаите, Амина Мохамед вели дека кенискиот претседател Вилијам Руто е „немилосрден“ и дека „не му верува“. Портпаролот на американската национална безбедност Џон Кирби изјави за Би-Би-Си дека американската влада прави се што може за да го пронајде изворот на објавените документи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП