6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Tencent“ го забележа најголемиот пад на берзата во последните 7 недели

„Tencent“ го забележа најголемиот пад на берзата во последните 7 недели

Кинескиот технолошки гигант „Tencent Holdings“ забележа најголем пад на берзата во последните седум недели поради шпекулациите дека неговиот најголем акционер „Prosus NV“ може да ја забрза продажбата на акциите во компанијата, пишува „Bloomberg“.

„Prosus“ планира да депонира дополнителни 96 милиони акции во клириншкиот систем во Хонг Конг. Овој потег може да сигнализира побрзо темпо на продажба и да изврши притисок врз акциите на гигантот, дури и кога „Tencent“ врши откуп, велат трговците. Цената на акцијата на „Tencent“ падна за 4,9 отсто на 358 хонгконгшки долари (45,61 УСД), што е најголем пад од 21-ви февруари.

„„Prosus“ веројатно ќе ја забрза продажбата на акциите на „Tencent“ кога ќе го достигнат нивото од 400 хонгконгшки долари. „Tencent“ ги откупува акциите за да го надомести влијанието на пазарот на големите сопственици кои продаваат секој ден, но таквите негативни вести секогаш ќе предизвикаат одредена загриженост“, коментира Стивен Лунг, извршен директор на „UOB Kay Hian“.

Од јануари оваа година, „Prosus“ продаде повеќе од 193 милиони акции на „Tencent“ за нето добивка од 7,2 милијарди долари, намалувајќи го својот удел на околу 26,9% од 29% во јуни 2022-ра година, кога првпат го објави својот план за продажба.

„Tencent“ откупи вкупно 8,3 милиони акции, купувајќи акции речиси секој ден на тргување од 27-ми март, според податоците на „Bloomberg“. Претходните откупи на компанијата не успеаја да го спречат колапсот на цената на акциите кога пазарот беше повеќе загрижен за регулаторните мерки и влијанието на Ковид-19 врз економијата.

Вредноста на акцијата на „Tencent“ сепак закрепна за 90% од ниското ниво што го достигна во октомври. Планот на компанијата да развие четбот сличен на „ChatGPT“, како и обновувањето на дозволите од Пекинг за објавување нови игри, станаа причина за оптимизам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП