17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈелен: Глобалната економија сè уште е под ризици, но изгледите се подобрија

Јелен: Глобалната економија сè уште е под ризици, но изгледите се подобрија

Американската министерка за финансии Џенет Јелен рече дека останува претпазлива во врска со надолните ризици со кои се соочува глобалната економија, со оглед на војната во Украина и притисоците врз банкарскиот сектор, но дека севкупните изгледи се подобри.

Таа ги отфрли предупредувањата од Меѓународниот монетарен фонд за поголеми ризици поврзани со финансиските тензии, пренесува Ројтерс.

Кога станува збор за малку понеповолната прогноза на ММФ за глобалниот раст за 2023 година, која предупредува дека разгорувањето на превирањата во финансискиот систем може да го намали производството на ниво блиску до рецесија, Јелен рече дека треба да имаме повеќе позитивни очекувања.

„Не видов никаков доказ кој укажува на намалување на можноста за подигање кредити, и покрај колапсот на одредени банки минатиот месец, иако и тоа беше можност“, нагласи таа.

Таа посочува дека американскиот банкарски систем остана здрав, „со силен капитал и ликвидност и дека глобалниот финансиски систем е отпорен благодарение на значајните реформи спроведени по финансиската криза во 2008 година“.

„Економијата на САД очигледно работи исклучително добро, со оглед на континуираното создавање солидни работни места, постепеното олеснување на инфлацијата, сè повидливото трошење“, рече таа.

Таа додаде дека затоа не очекува економски пад, иако тоа и понатаму е ризик, но верува дека глобалната економија е во подобра позиција отколку што беше предвидено минатата есен, со стабилизирање на цените на енергијата и храната, бидејќи притисоците во синџирот на снабдување продолжуваат да се намалуваат.

„Ограничувањето на цената на руската нафта помогна да се стабилизираат светските енергетски пазари и во исто време да се намали примарниот извор на приход на Русија“, рече таа, додавајќи дека завршувањето на војната ќе биде најголема помош за светската економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП