20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоматите од 70 денари поскапуваат на 95 денари за килограм, покачени и...

Доматите од 70 денари поскапуваат на 95 денари за килограм, покачени и цените на краставиците, пиперките и кромидот

Владата денес ги покачи замрзнатите цени на доматите, краставиците, пиперките и кромидот. Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека замрзнатите цени се покачуваат оти се зголемиле увозните цени во услови кога се уште нема домашно производство.

“Има зголемување на цените заради тоа што се забележуваат зголемени цени во Царинската управа за над 30 % кај доматите, краставиците, кромидот и гравот. Зголемување има за доматите, 95 денари е највисоката цена. Истото важи и за краставиците и за 10 денари се зголемува кромидот. За пиперките максималната цена е 100 денари. Само леќата е 110 денари, сите останати цени се под 100 денари“, рече министерот Бектеши.

Новите цени ќе почнат да важат по објавата на одлуката во Службен весник, а ќе важат до крајот на месецот.

Старите замрзнати цени на доматите беа 70 денари, кромидот беше 60 денари, краставиците 75 денари, а пиперките не смееше да се продаваат повеќе од 90 денари за килограм.

„Ние направивме просечни цени увозни од 15 до 28 март. Од 28 март до вчера имаме нови увозни цени кои се појавија согласно фактурите од Царинската управа. Затоа одлучивме да има мала корекција, бидејќи пријавените цени се многу повисоки од тоа што се пријавени пред 28 март. И затоа да не се направи штета или да се соочуваме со недостаток на одредени производи, одлучивме да донесеме измени и да ги зголемиме согласно процентите од царина и цените во малопродажба“, објасни Бектеши.

Контролите од Државниот пазарен инспекторат од Управата за јавни приходи и од Управата за финансиска полиција ќе продолжат да се прават секојдневно, а на дневна база ќе проверуваат и цените на увозот и доколку има потреба ќе се прават нови корекции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП