21 февруари, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКако да дојдете до новите паметни телефони од омилената серијa? Ви ја...

Како да дојдете до новите паметни телефони од омилената серијa? Ви ја претставуваме најдобрата понуда

Најновата хит-серија, на намалување и до 4.000 денари

Доколку сте се впуштиле во потрага по нов паметен телефон, имаме прекрасни вести за вас! Уредите од штотуку лансираната Redmi Note 12 серија, што се одликуваат со неверојатни спецификации и со елегантен дизајн, ќе бидат достапни по одлични цени само за најбрзите купувачи. Побрзајте, затоа што вашиот нов, паметен телефон, ве чека. Понудата трае од 10 до 13 април, уредите ќе бидат и до 4.000 денари поевтини, а сите детали за понудата можете да ги пронајдете на овој линк.

Покрај Redmi Note 12, што ќе го најдете по одлична цена, односно верзијата 4+128 GB ќе изнесува само 10.999 денари, тука е и прекрасниот Redmi Note 12 Pro 5G, кој наместо 23.299, ќе биде достапен за 18.999 денари.

Новите модели од прочуената Redmi серија се претставени во рамки на Redmi Note 12 едицијата, која уште еднаш докажува зошто овие апарати се фаворити на пазарот!

Одличните функции на батеријата, на камерата, но и дизајнот, направија своевидна револуција и уште еднаш се докажа зошто Xiaomi стана планетарно популарен како бренд што им овозможи на луѓето низ целиот свет да можат да ги користат најнапредните технолошки иновации.

Моделите Redmi Note 12 5G и Redmi Note 12 поседуваат функција на брзо полнење од 33W, благодарејќи на која во текот на денот ќе можете да ги користите сите апликации кои ви се потребни, како и да фотографирате колку сакате, без каква било грижа за батеријата. Притоа, двата апарати на корисниците им нудат и извонреден 120 Hz Flow AMOLED екран, што ги поддржува Dolby Vision и Dolby Atmos технологиите, кој на вашиот екран ќе му донесе неверојатно живописни бои и слика, додека со P-OLED материјалите што овозможуваат потенки рамки, ќе овозможат досега невидено визуелно искуство на паметните телефони од овој ранг.

Redmi Note 12 5G нуди и одлични можности за фотографирање, со сензорот IMX766, кој, благодарејќи на големиот сензор и на OIS технологијата, како и на комбинацијата со другите две камери произведува фотографии со мошне висок квалитет, без оглед на условите во кои настанале.

Акцијата трае во Xiaomi продавниците и кај овластените партнери, а сите детали погледнете ги на линкот: http://redminote12.xiaomimkd.com/

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП