26 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата има пет милиони евра за 500 именувани функционери, а не дава...

Владата има пет милиони евра за 500 именувани функционери, а не дава пола минион за 200 административци од култура!

Повеќе од 20 дена административните работници од Министерството за култура, Агенцијата за филм и Управата за заштина на културното наследство секојдневно се на улица и бараат од властите да добијат повисоки плати. Велат дека не бараат „преку леб погача“ туку само повисоки плати за достоинствен живот. Најголемиот дел од вработените во овие три државни институции земаат плата во висина до 25 илјади денари. Пресметката на синдикатот е дека доколку им се исполни нивното барање државата ќе треба од буџетот на годишно ниво да издвои за 200 вработени околу 500 илјади евра.

Револтот од ден на ден станува се поголем а изгледите за штрајк во Министерството за култура, Агенцијата за филм и Управата за заштита на културното наследство се поизвесни. Вработените од овие државни институции не отстапуваат од барањата и не сакаат да прифатат дека дел од нивните колеги исто така од државни институции добија 30 отсто зголемување на платите, а тие работат за плата која е за дури 10 илјади денари помала од просечната.

„Ние направивме соодветна анализа, во кои се предвидени фискални апликации тоа е покачувањето на платите, а тоа се 30 милиони денари или 500 илјади евра годишно. Како што се најдоа за именуваните лица да добијат 78 отсто зголемување на платите, сметаме дека ова барање кое ние го бараме соодветно ќе претставува валоризација на нашиот труд кој што го даваме“, велат за Денар од Синдикатот на министерството за култура.

Средбата која во петокот синдикалците од министерствто за култура ја имале со министерот за финансии Фатмир Бесими, велат дека била катастрофална, ресорниот министер не ни ги чул нивните барања и проблеми туку само ги убедувал дека работите кои се случуваат во однос на платите се во согласност со сите закони.

„Министерот Бесими не ги дослуша нашите барања. Тоа беше куртоазна и изнудена средба која се сведе на договори од типот „тоа произлегува од законот, тоа е одлука на Уставниот суд, мора да се почитува или пак Влаботените во министерството за финансии имаат одговорности кои заслужуваат плата за 30 отсто повисока од останатите.“ Со други зборови решение за проблемот на 190 вработени во секторот култура нема“, додаваат синдикалците.

Парадоксот да биде поголем овие луѓе го даваат примерот што именуваните функционери за само осум дена добија покачување од 16 илјади денари.

Ова е класично рушење на уставното право иако не е и тоа прв пат, обвинуваат синдикалците. Од денес ќе продолжат порадикано бидејќи е неопходно да се слушне гласот на вработените. И ова е се поради немањето на дијалог со надлежните велат вработените во министерството за култура.

Секојдневното излагање на улица засега е само мирен протест а од следната недела ако нема решение ќе се пристапи и со штрајк. Тоа синдикалците велат дека би значело, целосен прекин на активностите во овие три државни институции од секторот култура, прекин на исплатите, прекин на реализација на проекти, на програми.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП