2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТвитер ги означи NPR и BBC како медиуми финансирани од владата

Твитер ги означи NPR и BBC како медиуми финансирани од владата

Твитер ги означи американскиот NPR и британскиот BBC како медиумски куќи „финансирани од владата“, откако NRP првпат беше означен како „медиум поврзан со државата“ што укажува на недостаток на независност на уредувачката политика.

Промената на начинот на кој Твитер го означува Националното јавно радио (NPR) со седиште во Вашингтон се случи тивко во саботата навечер и дојде откако мрежата се пожали дека терминот „поврзан со владата“ е погрден и неточен, па Твитер ја смени етикетата во „го финансира владата“.

Твитер минатата недела го означи NPR на ист начин како кинеските и руските платформи контролирани од владите на тие земји.

Во знак на протест, NPR престана да твита.

Главниот Твитер профил на NPR, со повеќе од 8,8 милиони следбеници, ги повика корисниците „да ги најдат на друго место каде што ги читате вестите“.

Извршниот директор на NPR, Џон Лансинг, рече дека одлуката на Твитер е „неприфатлива“.

NPR, еден од најпочитуваните американски медиуми, изјави за AFP дека помалку од еден процент од нејзиниот оперативен буџет доаѓа од федерални извори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП