Американската компанија „Тесла“ ќе гради гигафабрика во Шангај за производи што се користат за складирање на енергија, објави денеска кинеската државна агенција Ксинхуа.
Производителот на автомобили, во сопственост на Илон Маск, ќе ја отвори фабриката во третиот квартал и ќе започне со производство во вториот квартал на 2024 година, соопшти Ксинхуа во извештајот од церемонијата на потпишување.

