6 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАВ недела дождливо, на планините и снег

В недела дождливо, на планините и снег

Времето в недела ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег, соопшти УХМР.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.

Во Скопје исто така ќе биде oблачно со повремени врнежи од дожд и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Во понеделник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд.

Стабилизирање на времето со пораст на дневната температура ќе има од вторник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП