6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВо А1 Македонија осигурување на екран на телефон

Во А1 Македонија осигурување на екран на телефон

Во најновата промоција А1 Македонија овозможи осигурување на смарт телефонот веднш при самата набавка. Имено, со набавка на смарт телефон корисникот добива можност да се одлучи за осигурвање на екранот, а со новата промоција го добива  бесплатно за првите три месеци. По истекот на бесплатниот период корисникот може да го продолжи осигурувањето и тоа по исклучително атрактивна цена од само 49 денари месечно.

Како се склучува за осигурување на екран?

Осигурувањето на екранот може да се активира веднаш при купувањето на уредот во кое било продажно место на А1. За оваа услуга нема договорна обврска, односно може да биде откажана во секое време.

Осигурувањето е во зависност од цената на уредот. За уреди до 19.999 ден. цената за осигурување на екран изнесува 49 ден./месечно, а учеството во штета е 750 денари. За уреди над 20.000 ден. цената е 199 ден./месечно, а учеството во штета е 2.500 денари. Плаќањето е преку сметката на А1.

Што во случај на кршење на екранот?

Штетата настаната поради кршење на екранот корисникот треба да ја пријави со повик на Корисничката поддршка за осигурување на бројот 0800 5 1111.

Каде да го однесете уредот?

Осигурениот уред корисникот веднаш треба да го однесе во најблиското продажно место на А1 и уредот ќе биде поправен од страна на овластениот сервис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП