23 април, 2025
ПочетнаСВЕТСторми Даниелс: „Добивам пореметени смртни закани поради судењето на Трамп“

Сторми Даниелс: „Добивам пореметени смртни закани поради судењето на Трамп“

Ѕвездата на филмовите за возрасни Сторми Даниелс откри дека добивала „пореметени“ смртни закани од приврзаниците на MAGA(Слоганот на Трамп “Make America Great Again”), кои ги спореди со бомбаши самоубијци, бидејќи на нивниот лидер Доналд Трамп му се суди за наводно дека и дал пари за да молчи за нивната наводна врска, во пресрет на изборите во 2016 година.

Во интервју емитувано во четвртокот, Даниелс му рече на Пирс Морган во неговото шоу на Фокс – „Нецензурирано со Пирс Морган“ – дека заканите станаа уште пострашни, бидејќи Трамп може да се соочи со затворска казна доколку судот на Менхетен го прогласи за виновен.

„Тие (приврзаниците) суштински чувствуваат дека прават нешто добро. Дека се патриоти. И сега тоа го прават во стил на бомбаш самоубиец. Тие искрено, во длабочината на душата, веруваат дека прават нешто добро“, рече Сторми.

Таа додаде дека и претходно добивала закани поради нејзината работа во порно индустријата, но заканите драстично се зголемиле по веста дека добила 130.000 долари од соработниците на Трамп за да молчи, која излезе во јавноста во 2018 година.

Даниелс тврди дека имала афера со Трамп во 2006 година, што поранешниот претседател категорично го негираше.

„На почетокот ми рекоа дека сум лажов и други навреди“, рече таа за заканите во 2018 година.

Таа рече дека порано една од 100 закани била смртна закана, но сега е една од 10.

„Сега се некако поконкретни, понасилни и наместо некој да лупа „во пеколот ќе изгориш“ сега изгледаат многу… посериозни“, се пожали Сторми и рече дека напаѓачите повеќе не се кријат.

На прашањето дали заканите имаа влијание врз нејзиниот секојдневен живот, таа рече дека ја изгубила независноста и дека заканите добиле замав и дека се плаши сама да оди во тоалет.

„Многу сум независна и силна. Пишувам, режирам и се покажав, си ја работев својата, но не сум навикната да одам во тоалет со двајца телохранители“, истакна таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП