2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАGoogle пребарувачот станува попаметен, добива четбот со вештачка интелигенција

Google пребарувачот станува попаметен, добива четбот со вештачка интелигенција

Google планира да ја подобри функционалноста на своето пребарување со додавање на четбот со вештачка интелигенција.

Извршниот директор на Google, Сундар Пичаи, објави дека технолошкиот гигант планира да додаде функции за разговор базирани на вештачка интелигенција (AI) на својот пребарувач.

На овој начин, на корисниците ќе им се овозможи одговање на поширок спектар на прашања за пребарување.

Во интервју за WSJ, Пичаи ги отфрли тврдењата дека растечкото влијание на ChatGPT и сличните чет-ботови го загрозуваат бизнисот на Google.

„Светот, преполн со прилики и можности, е поголем од кога било“, вели Пичаи.

Тој објасни дека корисниците ќе можат да бараат различни работи од четботот на Google во контекст на пребарувањето.

Минатиот месец Google даде пристап до својот четбот Bard, по презентацијата што не ги импресионираше инвеститорите за време на неговото лансирање во февруари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП