2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАРускиот одговор на „iPhone“ никој не го купува

Рускиот одговор на „iPhone“ никој не го купува

Смартфонот „AYYA T1“, кој е промовиран како руска алтернатива на „iPhone“ и чини околу 200 долари, не е премногу популарен.

Од неговото лансирање во октомври 2021-ва година, продадени се само 905 телефони „AYYA T1“. Ова се информации добиени од неименувани извори блиски до трговците на мало во Русија.

Ова претставува околу 18% од вкупно 5.000 телефони „AYYA T1“, кои беа произведени за рускиот пазар во фабриките во Кина.

Телефоните беа преработени од „Smartecosystems“, дел од рускиот конгломерат „Rostec“, а моментално се продаваат по 50% пониска цена (околу 170 долари) преку онлајн продавницата „Yandex“.

По изглед, „AYYA T1“ наликува на „iPhone“. Има заоблени рабови и доаѓа со посебен безбедносен режим кој им овозможува на корисниците да ги исклучат камерата и микрофонот на уредот, преку копчето од страната.

Иако помалку од 1.000 телефони „AYYA T1“ беа продадени на мало, околу 2.000 службеници од безбедносните сили и персоналот на агенцијата за нуклеарна енергија го добија телефонот.

Веста за слабата продажба на телефонот „AYYA T1“ дојде неколку дена откако Кремљ им препорача на руските власти да престанат да користат „iPhone“ поради загриженост за безбедноста на информациите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП