28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПакомак ги објави добитниците на награди од конкурсот „Trash for Art“ 2023

Пакомак ги објави добитниците на награди од конкурсот „Trash for Art“ 2023

Oбјавeни се добитниците на овогодинешниот конкурс „Trash for art 2023“ во организација на „Пакомак“ и „Нула отпад“. И оваа година конкурсот предизвика големо внимание кај креативците од различни категории кои учествуваа со навистина интересни дела.

„Trash for Art“ како дел од иницијативата за чиста и здрава средина, кој веќе традиционално се одржува со години, беше отворен за сите што сакаат да ја покажат својата креативност и да изработат уметничко дело направено од амбалажен отпад.

Ова се победниците во секоја од четирите компетитивни категории:

Категорија градинки:

1 место – награда 30.000 денари

„Камила“

Градинка “Борис Трајковски” од Демир Капија

2 место – награда 20.000 денари

„Пајо“

Градинка “Светот на Колорес” од Скопје

3 место – награда 10.000 денари

„Морски свет“

Градинка “Бамби” од општина Чашка

Категорија основни училишта:

1 место – награда 30.000 денари

„Змејот и витезот“

О.У. „Добре Јованоски“ од Прилеп

2 место – награда 20.000 денари

„Магаре со цветна кочија“

О.У. „Блаже Конески“ од Велес

3 место – награда 10.000 денари

„Пчела“

О.У. „Страшо Пинџур“ од Неготино

Категорија поединци и други институции :

1 место – награда 30.000 денари

„Кобра“

Автор: Стефан Анчевски

2 место – награда 20.000 денари

„Желка, носач на животот“

Автор: Михаела Стојменовиќ

3 место – награда 10.000 денари

„Коњ“

Автор: Тамара Блажевска

Специјална награда од Прилепска Пиварница – 30.000 денари

„Лустер“

Автор: ЈОУДГ „Наша Иднина“ – Прилеп

Специјална награда од „Нула Отпад“ – 30.000 денари

„Змија-Глувче“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП