4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЧелниците на Signature Bank веќе неколку години ги продавале своите акции

Челниците на Signature Bank веќе неколку години ги продавале своите акции

Американската компанија Tether Holdings, која ја пушта во промет криптовалутата тетер, нема директен пристап до американскиот банкарски систем, но извесно време најде алтернативен пат преку сега многу компромитирана Signature Bank.

Тетер им наложи на крипто-клиентите да плаќаат за дигитални токени со испраќање долари на својот банкарски партнер на Бахамите, Capital Union Bank, и тоа преку платформата за плаќање на Signature, Signet, пишува Bloomberg цитирајќи упатени лица.

Аранжманот ги нагласува потешкотиите што ги имале крипто фирмите во пристапот до неволниот американски банкарски систем, дури и пред да пропаднат Signature и „крипто-пријателската“ банка Silvergate Capital Corp.

Општата нестабилност ги задржа големите банки на страна, што ги поттикна крипто компаниите да бараат алтернативи од помали, поволни заемодавачи.

Tether Holdings никогаш не беше санкциониран, па водењето бизнис со фирмата не беше незаконско, вели Алма Анготи, која имаше високи позиции во Комисијата за хартии од вредност и Министерството за финансии, а сега е партнер во консултантската фирма Guidehouse. Сепак, банките се под регулаторни очекувања да знаат кој им пристапува на нивните производи и услуги, рече таа.

Ако Signature знаеше за аранжманот и го дозволи тоа, тоа може да зборува за апетитот за високоризично средство, рече Анготи. „Можеби знаеле и одлучиле дека ова е помалку ризично од директно отворање на сметка за Tether.

Претставниците на Signature со седиште во Њујорк и Федералната корпорација за осигурување на депозити, кои ја презедоа контролата врз Signature на 12 март, одбија да ги коментираат наводите.

Згора на тоа, некои директори на сега банкротираната Signature Bank продадле акции на банката во вредност од повеќе од 100 милиони долари во текот на три години откако банката реши да привлече компании за тргување и пласман на криптовалути и стана миленик на берзата, објави Wall Stret Journal.

Половина од таа сума била генерирана од продажба на поранешниот претседател на банката, нејзиниот поранешен главен извршен директор и неговиот наследник. Сите тројца беа во одборот со задача да го надгледуваат профилот на ризик на банката во текот на изминатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП