4 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАВторпат одложено судењето на Жан Митрев, со фотографии од починатите и транспаренти...

Вторпат одложено судењето на Жан Митрев, со фотографии од починатите и транспаренти пречекан пред судот(ВИДЕО)

Со фотографии од починатите пациенти на Жан Митрев и транспаренти на кои го обвинуваат за профитерство, семејствата на починатите го чекаа кардиохирургот утрово пред Кривичниот суд. Судењето и денес не почна. Судијката го одложи затоа што предметот е во Апелација по жалба од одбраната за замрзнувањето на сметките. Ново рочиште закажа за 12 мај. Сметките на Жан Митрев беа замрзнати пред првото закажано рочиште за да се обезбеди предјавеното имотно-правно побарување на оштетените.

И првото рочиште кое требаше да се одржи на 28 февруари беше одложено на барање на одбраната со објаснување дека им треба време да го доекипираат тимот.  Добија рок до денес да ја подготват одбраната.

Маркетинг службата на Клиниката „Жан Митрев“ и утрово исто како и за претходното рочиште преку соопштение до медиумите извести дека денешниот протест пред судот е организирана хајка против кардиохирургот.

„Организирање луѓе со транспарентни кои повикуваат на линч, создаваат атмосфера како се да е веќе решено, е најостро рушење на правдата и одземање на правото да се докаже невиноста и вистината. Ова не е правно оружје и на ваков начин се спречува вистината. Ако процесот против д-р Жан Митрев и Клиниката Жан Митрев е непристрасен, фер и без влијание, тогаш каде е презумцијата на невиност и зошто се води организирана хајка“, стои во соопштението од Клиничката болница „Жан Митрев“.

Жан Митрев и неговата клиника кои се товарат за измама оти ги држеле во заблуда пациентите со прикривање факти во однос на лекувањето од Ковид – 19 со хемофилтрации.

Истрагата за Жан Митрев и неговата болница беше отворена по допрен глас откога Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) го објави истражувањето „Нечиста крв“ за пациентите на болницата, а Скопското јавно обвинителство во јануари годинава поднесе обвинение.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП