2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветска банка: Kапиталот да се префрли во земјите во развој

Светска банка: Kапиталот да се префрли во земјите во развој

Претседателот на Светската банка Дејвид Малпас изјави дека најголемиот предизвик во светот ќе биде како да се „префрли“ капиталот во земјите во развој, што отвора нови можности за светот.

„Ние се грижиме за луѓето во земјите во развој, но најголемиот предизвик е што целиот капитал останува во напредните економии и се користи за плаќање на јавните долгови на земјите и за отплата на корпоративните обврзници, така што капиталот не е на места каде што моментално се отвараат нови можности за светот“, рече тој пред пролетниот состанок на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), пренесува Танјуг.

Малпас нагласи дека ова ќе биде главниот предизвик за светот во следните пет години.

„Откако каматните стапки ќе се вратат во нормала, ќе биде потребно долго време да се приспособат на новите цени и распределбата на капиталот пред да се вратиме на најширокиот и основниот модел на раст“, ​​рече Малпас.

Пандемијата и инвазијата

Тој, исто така, рече дека речиси целиот свет се соочува со проблемот на невработеноста и дека многу земји во последните години назадувале кога станува збор за просечните примања, зголемената сиромаштија, послабото образование, здравството, како и климатските промени.

Малпас изјави дека тоа се случило по пандемијата КОВИД-19 и зголемувањето на цените по руската инвазија на Украина.

Малпас, кој беше назначен на позицијата шеф на Светската банка од поранешниот американски претседател Доналд Трамп, најави повлекување од таа функција на 30 јуни, иако неговиот мандат трае до април следната година.

Тој се најде на удар и падна во немилост на Белата куќа по коментарите во кои тој го негираше влијанието на фосилните горива врз климатските промени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП