3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Android 14“ носи подобрено траење на батеријата, а еве што друго ќе...

„Android 14“ носи подобрено траење на батеријата, а еве што друго ќе биде ново

„Google“ планира на 10-ти мај да ја претстави следната верзија на својот оперативен систем за мобилни телефони, „Android 14“. Новата верзија на платформата треба да има подобрувања во перформансите и батеријата, безбедноста и приватноста.

Во моментов, „Android 14“ е во фаза на тестирање и само инсајдерите имаат пристап до развојната бета верзија. Функциите што ќе ги наведеме подолу можеби не се достапни во финалната верзија на „Android 14“, но еве на што работи „Goоgle“ во моментов.

Подобрени перформанси на батеријата – „Google“ работи на контрола на потрошувачката на батеријата на „Android“, па ќе го промени начинот на кој системот ги контролира задачите во заднина, како и преземањето и испраќањето податоци. Има и опција која проверува колку време корисникот поминал пред екранот од претходното полнење на батеријата.

Подобрена поддршка за големи екрани – Ќе има повеќе и подобро оптимизирани апликации кои ќе можат да работат на стандардни телефони, преклопни уреди и таблети.

Подобра безбедност – „Android 14“ нема да дозволи инсталирање на постари апликации, создадени за „Android 5.1“ или претходни верзии на софтвер. Ќе има и подобра поддршка за отклучување уреди со биометриски методи.

Блокирање пристап до фотографии и видеа – „Android“ веќе има опција за кои апликации можете да го блокирате пристапот до сите фотографии и видеа, а „Android 14“ ќе има опција која ќе овозможи пристап до поединечни датотеки.

Има и опции за префрлување на поголеми фонтови кои одат до 200% („Android 13“ понуди опција за зголемување на фонтовите до 130%), како и можност за активирање на осветлената камера или екран кога ќе пристигнат нови известувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП