Дивоградбите да се стават на располагање на граѓаните наместо да се уриваат, иницијатива за ваква законска измена доставува денеска до ЗЕЛС градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Герасимовски се залага да се направат законски измени, со кои ќе им се овозможи на општините да инцираат постапки за конфискација на нелегални објекти и истите наместо да се рушат да се искористат за потребите на граѓаните од општините каде се конфискува дивоградбата.
„Наместо да трошиме пари од буџетот за рушење, предлог законските измени кои ги иницирам овозможуваат општините да иницираат постапка за конфискација на нелегално изградените објекти пред надлежните органи. По конфискација, општината ќе може да ги употреби објектите за потребите на граѓаните. Оваа измена би била огромен чекор напред во однос на превенција од идни дивоградби“ објави градоначалникот на социјалните медиуми.

